ФФМ објави детали за повредата на Барди и потврди дека капитенот ги пропушта дуелите со Хрватска и Чешка

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да се стави на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка. 

Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и контролните натпревари кои ни следуваат. 

Енис Барди веќе ја започна рехабилитацијата, но за жал не е во можност да биде дел од тимот на Македонија за натпреварите на 3. јуни во Ријека против Хрватска и на 10. јуни против Чешка во Храдец Кралове. 

Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски барем до овој момент нема да повикува дополнителен фудбалер како замена за Енис Барди. 

Денеска македонската репрезентација ќе одработи два тренинзи, утринскиот од 10:00 часот и попладне од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар милошевски“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани