Фудбалерите заминаа за Чешка на „поправен“ за впечатокот во овој јунски прозорец (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација денеска замина за Чешка на вториот контролен натпревар во овој јунски прозорец.

Фудбалерите ги очекува натпревар против Чешка откако претходно на 3-ти јуни во бледо издание бевме поразени од Хрватска со 3:0.

Натпреварот против Чешка го играме во понеделник од 18:00 часот и тоа ќе биде можност за избраниците на Благоја Милевски да се прикажат во подобро издание пред септемврските натпревари од Лигата на Нации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани