67
Тренерот на Милан е разочаран од поразот против Баер Леверкузен, но е презадоволен од изданието на неговите фудбалери на овој натпревар.
По првите две кола во Лигата на шампионите, Милан има исто толку порази, но за разлика од мечот со Ливерпул, вчера одигра на многу повисоко ниво.
„Вистина е дека не победивме, но овој перформанс ми се допадна најмногу откако сум дојден тука“, изјави Фонсека по мечот.
„Пред се второто полувреме, имавме фантастичен перформанс, создадовме премногу шанси и само што не успеавме да ги реализираме, што не е лесно против тим како Баер“.
„Бевме тажни во соблекувалната, но јас сум задоволен со приодот во овој меч“.