151
Англија влезе како фаворит број еден на Европското првенство, но разочара со игрите во групната фаза иако го освои првото место.
Англичаните ја победија само Србија, а одиграа нерешено против Данска и Словенија. Герет Саутгејт е мета на многу критики, а излезе и една фрапантна статистика за неговата офанзива.
Фил Фоден кој треба да биде еден од најважните соработници на Хари Кејн, само еднаш му ја додал топката на напаѓачот за време на трите натпревари, а дури трипати на голманот Џордан Пикфорд.