100
ФИФА би можела да наскоро да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Израел од своите натпреварувања.
Се работи за репрезентацијата на Израел, како и сите клубови кои играат во интернационалните натпреварувања. Одлуката требаше да се донесе следниот мај, но состанокот е префрлен за следниот четврток.
Причината за потенцијалната суспензија на Израел се воените дејствија врз појасот Газа, односно војната која трае веќе една година.
Доколку ФИФА се одлучи за суспензија, тоа ќе го следи и УЕФА, а нема да биде првпат во последните години да има таква одлука. Моментално суспендирани се Русите и Белорусите поради воените дејствија врз Украина.