Eкипата на Јувентус запиша уште еден неуспех во подготвителните натпревари летово. „Старата дама“ сега беше поразена од Атлетико Мадрид со 2:0.
Јувентус скоро и да не создаде посериозна прилика за гол, па Атлетико заслужено дојде до триумфот. Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел кога Жоао Феликс ја погоди мрежата, додека конечните 2:0 ги постави Кореа од пенал на пет минути пред истекот на регуларните 90.
Joao Felix gives Atletico Madrid the lead vs Juventus.
Во пријателските натпревари Јувентус летово победи само во традиционалниот натпревар против својот втор тим (4:0), додека со Брест одигра 2:2, а против Нимберг беа поразени со 3:0.