102
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска го објави списокот за престојните натпревари од Лигата на нации против Летонија и Фарски Острови.
На списокот има три нови имиња, голманот Марко Алчевски и одбранбениот фудбалер Бехар Фета, додека повратник е Сефер Емини од Сондерјиске.
Македонија е домаќин на двата натпревари, на 14 ноември од 20:45 ja пречекуваме Летонија, три дена подоцна од 15 часот играме со Фарски Острови.