Екипата на Тиквеш вечерва излезе со соопштение за денешниот натпревар во Кавадарци против Вардар кој имаше бурна завршница.
На екипата на Тиквеш во завршницата им беше поништен гол за изедначување по сигнализација на помошник судијата Гоце Петрески, а набрзо потоа тој падна на теренот.
Од Тиквеш сега истакнуваат дека Петрески не бил удрен и само симулирал повреда. Во продолжение соопштението од тимот на Тиквеш.