Терзиќ: Му покажавме на светот дека дојдовме на Вембли за да победиме, иако не успеавме!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е презадоволен од изданието на неговите фудбалери во финалето против Реал Мадрид и покрај тоа што го загубија со 2-0.

„Одигравме одлично, мислам дека заслуживме повеќе од пораз од 2-0. Од првата секунда му покажавме на сиот свет дека не дојдовме само за да го играме финалето, туку за да го освоиме. Направивме многу работи, но тие беа ладни како мраз во вистинските моменти, тоа беше единственото нешто што ни недостасуваше нам“, вели Терзиќ.

„Бевме блиску до водство, а потоа се сврте натпреварот. Реал Мадрид покажа зошто се шампиони во ова натпреварување“.

„По мечот секогаш можете да си поставувате прашања што можевме да направиме поинаку. Мислам дека направивме многу добри работи, но прекините го променија натпреварот. Треба да учиме од тоа. Создадовме многу, не постигнавме гол и тоа беше разликата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани