Судијата и контролорот за судење од Хрватска кои беа суспендирани си добија дисциплинска одлука за своето однесување.
Судијата Тони Дадиќ и контролорот Бруно Мариќ во свој приватен разговор опфаќаа контроверзни теми, некои неетички ситуации и интересни пораки. Дадиќ откри дека правел работи кои се во „сива“ зона, откривајќи им на навивачи од „Торцида“ информации за „Бед Блу Бојс“, а стекнати преку својата работа како судија. Покрај тоа, споменуваше и услуги кон групата, како и најави дека ќе се добие да добие адреси на живеење од поддржувачи на Динамо за нивните ривали.
Поради тоа, Изборниот одбор на ХНС по предлог од Комисијата на фудбалски судии прифати бришење на Дадиќ од сите судиски листи во земјата.
Од друга страна, Мариќ беше казнет со петмесечна суспензија од функцијата и 2.000 евра парична казна.