52
Средбата меѓу Нион и Вадуц во Челинџ лигата на Швајцарија беше прекината на самиот старт.
По само неколку минути игра Ларс Трабер од Вадуц невнимателно со нога го удри Адриан де Пиеро од Нион во главата. Удрениот фудбалер ја загуби свеста и падна на тревникот, предизвикувајќи паника и страв меѓу присутните.
Судијата реши да го прекине натпреварот по дваесетминутна пауза во која му се укажуваше лекарска помош.
Ситуацијата на Пиеро не е позната, а се знае дека беше пренесен во болница.