Никако да стивнат политичките провокации на Европското првенство, најмногу ги има во режија на албанските навивачи, овојпат знамиња на УЧК се најдоа на мечот меѓу Швајцарија и Германија.
Србите на социјалните мрежи ја прашуваат УЕФА до кога ќе ги толерира ваквите националистички испади. Знамињата на УЧК сигурно не се соодветни да се гледаат на фудбалски натпревари. На арените наменети за спорт, некој бистри политика.