Спектакуларни сцени од Бергамо: Се славеше титулата во Лига Европа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Аталанта вчера оствари историски успех откако во финалето од Лигата на Европа го победи Баер Леверкузен и го освои првиот европски трофеј во своето постоење.

Во минатото Аталанта еднаш се израдува на освоен куп во 1963 година, а сега дојде до најголемиот успех во клпската историја. Исто така тие се првиот италијански тим кој го освојува ова натпреварување по Парма во 1999 година.

Поради сето ова еуфоријата помеѓу фановите беше огромна и изминатата ноќ во Бергамо на големо се славеше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани