Славје во Лестер: Џејми Варди потпиша нов договор!

by Стефан
1 минути читање

Легендата на Лестер, Џејми Варди денеска стави потпис на нов договор со клубот каде што ја помина скоро целата својата кариера.

Постоеа шпекулации дека 37-годишниот напаѓач во новата сезона ќе го гледаме некаде на друго место, но тоа сепак нема да се случи.

Во редовите на Лестер Варди пристигна во 2012 година и со тек на годините стана еден од најдобрите напаѓачи во Англија, но и симбол за верност. Имаше понуди да замине, посебно во сезоната кога сензационално станаа шампиони на Англија, меѓутоа одлучи да остане.

Лестер во последната сезона играше во Чемпионшиш, а Варди со 20 голови беше еден од клучните играчи во враќањето во англиската елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани