49
Ситуацијата на Мохамед Салах во Ливерпул овие денови е една од главните теми на Островот.
Договорот на Салах истекува на крајот од сезоната, а напаѓачот по натпреварот против Саутемптон не го криеше разочарувањето и зборуваше за своето незадоволство, дури и призна дека во момемтов се чувствува дека е поблиску до заминување отколку до останување на ,,Енфилд”.
Денеска британските медиуми пишуваат и за можниот проблем. Наводно, Ливерпул му понудил нов договор на Салах, но краткорочен, додека Eгипќанецот сака договор на четири години.
Салах е важен за Ливерпул, но има 33 години ж, па во Ливерпул сметаат дека не може да игра на на највисоко ниво во наредните четири години.