80
Реал Мадрид се соочува со сериозна криза во дефанзивната линија, оваа сезона се повредија Касемиро и Милитао, а уште не е вратен ниту Давид Алаба.
Легендата на Реал Мадрид, Гути предложи клубот да го врати Серхио Рамос кој во моментов е слободен играч.
„Серхио Рамос е без тим. Тој игра како централен дефанзивец и како десен бек. Беспари е. Човек кој бил дел од тимот, кој играше одлично минатата година во Севиља, активен е и може да помогне во овие шест месеци“, рече Гути.
На инстаграм профилот на „433“ кои исто како и другите ја пренесоавеста, „лајк“ стави и Серхио Рамос. Тоа може да биде протолкувано дека сака да се врати на Бернабеу, но не јасно е што мислат Перез и Анчелоти.