97
Бразилскиот селектор Доривал Жуниор го објави списокот за претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство.
На него го немаше младиот ас на Реал Мадрид, Ендрик. Момчето кое направи трансфер во редовите на „кралевите“ не добива премногу простор, особено по доаѓањето на Килиан Мбапе.
Тоа го натера Доривал да не го повика за следните натпревари, доби прашање зошто го нема и реши да објасни.
„Немаме време за да губиме на тренинзи или да ги враќаме фудбалерите во добра форма. Дали играат добро или не? Тоа е вистинското прашање за нас“, изјави Доривал.
Во ноемврискиот циклус Бразилците ќе играат со Венецуела и Уругвај.