Руни за паненката на Пирло на ЕП: Би сакал и јас да имав му*а за тоа, но… (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На Европското првенство во 2012 година, Италија ја елиминираше Англија во четвртфиналето на пенали со 4-2. Во пенал серијата Андреа Пирло изведе совршена паненка.

Вејн Руни сега се потсети на тој удар на Пирло и вели дека немал муда и тој да шутира така, а верува дека не би му паднало на памет и на ниту било кој друг англиски фудбалер.

„Се сеќавам дека помислив, би сакал и јас да имам муда да го направам тоа што го направи Пирло. Но, исто така, ако било кој англиски фудбалер се обиде да го направи тоа и промаши, ќе треба да ја напушти земјата“, вели Руни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани