Рудигер ја откри својата најголема тајна: Мокрев во кревет до 15 години…

by 24 фудбал
1 минути читање

Стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, на едно Јутуб гостување одговараше на блиц прашања. За време на разговорот, едно од прашањата беше: Која е твојата најголема тајна?

Одговорот на Рудигер изненади многумина, поточно повеќе изненади искреноста на фудбалерот и начинот на кој го пренесе тоа. Тој без срам откри дека мокрел во кревет до својата 15 годишна возраст, а откри и како го надминал проблемот.

„Мојата најголема тајна? До 15 години мокрев во кревет… Не е ништо од што треба да се срамам. Во ред, во еден момент се срамев од тоа, ама таков е животот. Го надминав тој проблем со тоа што престанав да пијам течности по осум часот навечер“, откри Рудигер.

Во моментов Рудигер игра на врвно ниво за Реал Мадрид и е еден од најдобрите на својата позиција на светот. Тој често се наоѓа во центарот на вниманието поради специфични ситуации, па така беше и овојпат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани