246
Групата Е на Европското првенство се покажа како најрамноправна, а во последното коло на групната фаза сите четири репрезентации влегуваат со по три бода. Тоа се случува првпат во историјата.
На врвот се наоѓаат Романците со гол-разлика 3:2, а ги следи Белгија со 2:1. Третопласирана е Словачка со 2:2, додека Украинците единствени се со негативна гол-разлика од 2:4.
Ова сценарио нуди шанса за „местенка“ и мирољубиво реми на две репрезентации. Се работи за Романија и Словачка, кои доколку одиграат без победник, двете речиси сигурни би си обезбедиле пласман во полуфиналето.
При таков исход ќе имаат по четири бода, Романците би биле најмалку втори, а Словаците поради гол-разлика имаат предност пред Украинците.