263
Вардар и Детонит Плачковица ќе се борат за последното место во Првата македонска фудбалска лига, в недела во терминот од 17:00 часот. Бараж натпреварот е закажан за во Струмица, на стадионот „Младост“.
Во пресрет на мечот на сезоната, порака за поддршка на вардарци испрати македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Популарниот Рики заедно со Бруно Петковиќ, Јосип Мишиќ и Марко Рог, соиграчите од Динамо, се фотографира со лист хартија на кој пишуваше: „Сите во Струмица на бараж! Напред Вардар“.
И во минатото Ристовски беше дел од кампањите на клубот, а во повеќе наврати доаѓаше и на трибина да го следи својот матичен клуб.