Ривер Плата како гостин славеше со 1-0 во 263. пресметка со својот најголњм ривал Бока Јуниорс во едно од најинтересните Суперкласика последните години.
Натпреварот не понуди којзнае каков квалитет, но затоа имаше драматика која траеше до последните секунди. Ривер поведе уште во 20. минута преку Лансини и своето водство го чуваше до самиот финиш кога се случи еден контроверзен момент.
Хименез во 97. минута успеа да постигне гол со грб, но од ВАР собата стигна сигнализација дека притоа играл со рака. Главниот судија Рамирез долго се обидуваше да ја прегледа снимката бидејќи не му дозволуваа играчите на двете екипи, а кога конечно успеа, заклучи дека навистина имало игра со рака и го поништи голот на домашниот тим. Следуваа жестоки протести поради што Лема доби втор жолт, односно црвен картон, а Ривер си замина со трите бода од Ла Бомбониера.
Со нив, „црвено-белите“ останаа во игра за титулата бидејќи разликата со лидерот Велез останува шест бода. Бока е на 11. позиција и најверојатно цената за тоа ќе ја плати тренерот Мартинез.