Виктор Бонифејс со Баер Леверкузен стана шампион во Бундеслигата, а може да се радува на уште два трофеи – во Лигата на Европа и Купот на Германија.
23-годишниот Нигериец доби огромно признание од челниците на лигата, бидејќи е одбран за најдобар новајлија во сезоната 2023/24. Бонифејс е еден од најдобрите играчи на Баер во походот кон титулата, досега во првенството даде 13 гола и забележа девет асистенции на 22 натпревари. Тој одигра одлична пролет, но потоа се повреди пред Африканскиот куп на нации.
Во конкуренција за ова признание беа уште младиот талент на ПСЖ кој е позајмен во РБ Лајпциг, Чави Симонск, левиот бек на Борусија Дортмунд, Иан Матсен и напаѓачот Максимилијан Бајер од Хофенхајм.