Реал Сосиедад со минимална победа го прескокна Бетис и дојде во „пол-позиција“ за Лига Европа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Сосиедад славеше минимална, но важна победа во рамките од 36. коло од Ла Лига.

Натпреварот беше одлучен со голот на Андре Силва по само три минути игра, а до крајот иако имаше прилики, резултатот не се промени.

Домаќините со овој триумф го искористи ремито на Бетис кој денес претходно одигра 2:2 против Лас Палмас и така го прескокна на шестата позиција во битката за место во Лигата на Европа.

Следното, претпоследно коло во Шпанија ни носи директен дуел помеѓу Бетис и Сосиедад кој сигурно многу ќе одлучува за тоа кој ќе игра во Лига Европа следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани