Реал Мадрид ќе го потврди Мбапе брзо по финалето од ЛШ!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид ќе го официјализира трансферот на Килијан Мбапе пред почетокот на Европското првенство, за тоа добиле светло и од ПСЖ.

Официјално Мбапе е под договор со ПСЖ до 30. јуни, па нејасно беше дали пред овој датум Реал Мадрид ќе може да го претстави Французинот како ново засилување.

Последните информации велат дека францускиот клуб дал зелено светло за да се случи тоа и Мбапе наскоро ќе биде потврден како играч на Реал Мадрид.

Од кралскиот клуб ќе чекаат прво да го завршат финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, па некој ден потоа ќе го потврдат ангажманот на Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани