359
Реал Мадрид вчера се пласираше во финалето од Лигата на шампионите откако со двата гола на Хоселу во завршницата го елиминираше Баерн Минхен.
Сепак, по тој натпревар денеска за „кралевите“ стигна една лоша вест. На 23 дена пред финалето, повреда заработил играчот од средниот ред Аурелиен Чуамени.
Засега не е познато колку Чуамени ќе паузира, а од Мадрид најавија дека ќе соопштат повеќе детали по направените детални прегледи.
Францускиот фудбалер повредата ја заработил во вчерашниот натпревар против Баерн Минхен. Станувало збор за повреда на левата нога, засега не е познато од каков карактер е истата.