Реал доби шпалир, па без ѕвездите ја декласира Гранада (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот првак на Ла Лига, екипата на Реал Мадрид го доби првиот шпалир оваа сезона, откако во минатата рунда го обезбеди шампионскиот пехар. „Кралевите“ гостуваа кај Гранада, домаќинот го испочитува новиот првак, а потоа мадриѓани го декласираа со 0-4 (0-2).

На овој натпревар Карло Анчелоти се реши да им даде поштеда на дел од ѕвездите, но и покрај тоа убедливо слави. Реал играше без Винициус, Родриго, Белингем, Валверде, Менди, Карвахал…

Гранада одолеваше на нападите на гостите до пред крајот на полувремето. Резултатот го отвори Фран Гарсија во 38. минута, а во втората дополнителна Арда Ѓулер удвои на 0-2. Во второто полувреме за десетина минуди двапати меѓу стрелците се запиша Брахим Диаз, за убедлива предност по еден час игра (0-4).

Овој натпревар немаше резултатско значење за двете екипи бидејќи Реал веќе е шампион, а Гранада второлигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани