Рајо му нуди двојно поголема плата на Столе за да го задржи!

by riste
1 минути читање

Рајо Ваљекано со сите силе се обидува да го задржи Столе Димитриевски, му подготви богата понуда за продолжување на договорот.

Актуелниот договор на Димитриевски истекува по крајот на оваа сезона, по што тој ќе биде слободен и ќе може без обесштетување да потпише за друг клуб.

Се шпекулира дека Димитриевски е блиску до потпис со Валенсија, иако јавно македонскиот голман изјавуваше дека прв избор му е нов договор со Рајо Ваљекано.

Според шпанските медуми, Рајо му нуди повеќе од двојна плата, 2 милиони евра по сезона за потпис на нов договор.

Со актуелниот договор кој му истекува, Димитриевски заработуваше 890.000 евра по сезона.

Се очекува во текот на овој месец, најдоцна до почетокот на следниот да биде позната иднината на Димитриевски, дали ќе продолжи во Рајо или ќе одбере нов предизвик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани