79
Клаудио Раниери вчера имал разговори со раководството на Рома и веројатно тој ќе биде новиот тренер на римската волчица.
73-годишниот тренер кој е роден римјанин и како фудбалер почна од Рома, по третпат ќе седне на тренерското столче на овој тим.
Раниери треба да стави потпис на договор до крајот на сезоната, а раководството на клубот сака да му даде и директорска функција која би ја извршувал паралелно.
Тој минатата сезона откако го спаси Каљари објави крај на кариерата, сепак се предомисли и ќе продолжи со работа.