301
Не запира „војната“ на релација Аргентина – Франција, а на „фронтот“ зачекори и темпераментниот стручњак Хорхе Сампаоли.
Човекот кој своевремено работеше во бројни европски клубови меѓу кои и француски Олимпик Марсеј, даде интересна изјава. Тој го навреди Осман Дембеле, крилниот фудбалер на репрезентацијата на Франција.
„Сите знаат дека Дембеле игра како аутистична личност. Ја зема топката, ќе тргне во акција и сам завршува. Тој нема способност да биде тимски играч, не дозволува некој друг да засјае, сака да игра сам“, прокоментира Сампаоли.
Инаку, „војната“ започна по освојувањето на Копа Америка кога аргентинските фудбалери групно пееја песна со која ги навредија црномурестите Французи.