311
Репрезентацијата на Полска на Европското првенство ќе мора да биде без услугите на напаѓачот од редовите на Јувентус, Аркадиуш Милик.
Милик се повреди на последниот подготвителен натпревар за Украина. По само четири минути на теренот Милик мораше да биде заменет, а селекторот по натпреварот потврди дека нема да биде спремен за ЕП.
„За жал, Милик нема да може да ни помогне на Европското првенство“, изјави селекторот.
Во репрезентацијата на Полска Милик е втора опција во нападот зад Роберт Левандовски од Барселона.