Проблеми за Белгија, се повреди еден од најискусните дефанзивци пред ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Белгија остана без еден од најискусните дефанзивци за претстојното Европско првенство.

Се повреди Томас Мение кој му е тимски соиграч на Енис Барди во Трабзонспор. Поранешниот бек на ПСЖ и Борусија Дортмунд заработи повреда за време на дуелот со Луксембург в саботата и сериозно му е загрозен настапот на континенталниот собир.

Едно е сигурно, Мение нема да патува со репрезентацијата во Германија, туку ќе ги чека деталните прегледи. Доколку докторите утврдат дека ситуацијата може да се санира, 32-годишникот би му се приклучил на тимот, а селекторот не може да повика замена бидејќи истече рокот.

Претодно предводникот на белгискиот состав Доменико Тедеско остана без повредените Јан Вертонген и Артур Теат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани