56
Поранешниот полски фудбалски репрезентативец Томап Клос е приведен од страна на полицијата во оваа земја.
Според информациите, тој заврши во притвор поради сомнеж за даночна измама и проневера. Апсењето на Клос не е посебен случај, туку е дел од доста поголем случај и скандал кој ја тресе Полска.
Се работи за финансиски криминал на поголемо скалило, така се изјаснија полските медиуими. 51-годишникот е притворен до расчистување на случајот.
Инаку, Клос беше дефанзивец и настапуваше за репрезентацијата на Полска дури 69 пати. Беше дел од тимот на Светското првенство во 2002 година, се прослави играјќи за ЛКС Лоџ и Висла Краков, а настапуваше и за француски Оксер.