Пресврт во Ливепул: Салах пред потпис на нов договор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Се зборуваше дека е готово и дека Мохамед Салах ќе замине од редовите на Ливерпул на крајот на сезоната, а сега се најавува пресврт во ситуацијата.

Според пишувањето на Џон Ричардсон од „Мирор“, сè е договорено за продолжување на соработката меѓу Салах и Ливерпул на уште две сезони. Оваа информација ја изнесе новинарот кој прв сподели за претходниот договор кој Салах го потпиша со „црвените“.

Двете страни имаа долги преговори, Салах бараше тригодишен договор, а Ливерпул нудеше само на една сезона. Сепак, делува дека двете страни пронајдоа заеднички јазик и „се најдоа на пола“ со двегодишен договор. 32-годишното крило и натаму игра во врвна форма, сезонава пак блеска и поради тоа навивачите беа бесни дека управата не попушта пред неговите барања.

Се очекува Салах во следниот период да го стави потписот на договорот, секако доколку најавите дека сè e готово се вистинити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани