95
Фудбалерот на Челси кој е позајмен во Евертон, Армандо Броја, за време на репрезентативната пауза беше во Албанија и во Тирана направи скандалозна фотографија.
23-годишниот напаѓач се сликаше со неколку албански навивачи во главниот град, а тие пред него држеа знаме од сепаратистичката група под името „УЧК“.
Армандо Броја има потекло од Албанија, бидејќи неговите родители се родени во оваа земја. Сепак, тој е роден и целиот живот го мина во Англија. Кариерата ја започна во Тотнем, па во 2020 година се пресели во Челси, а оттаму беше позајмуван во Витесе, Саутемптон, Фулам и Евертон.