179
Фудбалерите на Вараждин први дојдоа до погодок на гостувањето кај Хајдук во Сплит во рамките на третото коло на Хрватската прва лига.
Средбата во која можеа да се судрат дури четворица Македонци, од првата минута ја започна само Димитар Митровски. Младиот крилен фудбалер на Вараждин беше токму стрелецот на водечкиот погодок за својот тим.
Акцијата течеше по левата страна, Митровски одлично се проби во простор и остана осамен на пеналтикот, па откако доби одложена топка ја смести во мрежата за 0-1 по само осум минути игра.