„Правдата е задоволена“: Матсен доби повик за ЕП, но Холандија претрпе сериозен удар

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација зад себе има 24 часа за заборав, бидејќи на селекторот Роналд Куман двајца играчи за врска му откажаа настап на Европското првенство.

Веќе доцна синоќа стана јасно дека Френки Де Јонг нема да се опорави на време за настап на турнирот во Германија. Утрово се потврдија и црните најави поврзани со Теун Копмајнерс. Асот на Аталанта претрпе повреда за време на загревањето пред мечот со Исланд. Според информациите станува збор за повреда на мускул поради која Копмајнерс дефинитивно нема навремено да се врати во стројот.

Поради двете откажувања селекторот Роналд Куман мораше дополнително да повика играч. Изненадување е дека тој не повика фудбалер за врска, туку ја исправи „неправдата“ околу Иан Матсен. Бекот кој блесна за Борусија Дортмунд доби дополнителен повик и ќе се приклучи на тимот директно во Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани