109
На Барселона и оди одлично под водство од Ханси Флик на стартот од сезоната, па така тренерот на шпанскиот гигант е прогласен за најдобар во месец август.
Барселона е лидер во првенството со максимални 12 бода од четири кола. На теренот избраниците на Флик изгледаат одлично, па сосема заслужено признанието заврши во рацете на Германецот.
Од почетокто на сезоната Барселона со по 2:1 победуваше во натпреварите со Атлетик Билбао, Рајо Ваљекано и Валенсија, додека Ваљадолид го декласираше со 7:0.