Постигнат договор: Вејн Руни повторно ќе биде тренер во Англија

by Стефан
1 минути читање

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ќе стане нов тренер на англискиот второлигаш Плимунт, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Славниот англиски напаѓач кој во 2021 година ја заврши кариерата ги договорил условите и се чека само официјализирање на соработката. Станува збор за клуб кој неодамна сезоната во Чемпионшип ја заврши на 21. место во конкуренција на 24 клуба.

Плимунт од испаѓање во третиот ранг натпреварување се спаси со победата над Хал од 1:0 во последното коло. Руни како играч го носеше дресот на Евертон, Манчестер Јунајтед, Ди-Си Јунајтед и Дерби.

Најголема трага остави во Јунајтед каде што настапуваше од 2004 до 2017 година и за тоа време одигра 559 натпревари и постигна 253 гола, асистираше за 139 и освои 17 трофеи.

Како тренер последниот ангажман Руни го имаше исто така во Англија во Бирмингем од каде што доби отказ пред пет месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани