Семејството Зидан со години наназад имаше свои претставници во Реал Мадрид, поточно од 2001 година.
Сепак, по крајот на оваа сезона заминува и последниот член на семејството Зидан ќе си замине од клубот. Станува збор за Тео Зидан, момчето кое настапува за Реал Мадрид Кастиља, односно Б тимот. Со тоа ќе се затвори кругот кој траеше низ годините.
Најславен во низата секако беше Зинедин Зидан кој прво беше ѕвезда како фудбалер, а потоа и како тренер стана европски првак. Покрај него, во младинските категории на Реал низ годините играа неговите синови Енцо, Лука, Елиаз и Тео. Од нив двајца имаа настапи и во првиот тим, а тоа беа Енцо Зидан кој е играч за врска, како и голманот Лука Зидан.