Поранешниот репрезентативец на Египет објави: Салах веќе потпишал? (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах во овој момент е еден од најдобрите фудбалери во светот, а навивачите на „црвените“ се загрижени што се уште не го продолжил договорот.

Деснокрилниот напаѓач на „црвените“ игра одлично, додека Ливерпул реди победи. Сезонава постигна 15 голови и запиша 12 асистенции на 21 натпревар.

Меѓутоа навивачите на Ливерпул не се опуштени бидејќи Салах за еден месец може да преговара со други клубови како потенцијално слободен фудбалер. Но, изгледа дека по неговите коментари во јавноста околу договорот преговорите за продолжување на соработката се интезивирале.

Во таква насока е и објавата на поранешниот египетски репрезентативец Хајтам Фарук кој на социјалните мрежи му честиташе на Салах тврдејќи дека потпишал нова соработка со Ливерпул.

„Ти честитам на продолжувањето на договорот со бројот кој ти се допаѓа и периодот кој го посакуваше. Египетскиот крај владее со сопствените желби“, објави Фарук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани