61
Мароканскиот фудбалер Абделазиз Барада почина на 35 години, а причината е веројатно срцев удар.
35-годишникот во својата фудбалска кариера имаше настапи за Олимпик Марсеј и Хетафе, а како младинец беше дел и од ПСЖ. Мароканецот е роден во Франција, таму мина најголем дел од животот и таму почина.
Последниот клупски ангажман за Барада беше во 2021 година во францускиот тим Луситанос. Поради срцеви проблеми мораше порано од планираното да стави крај на кариерата, а сега веројатно од истите проблеми почина.