Поради едно видео Кансело доби жестоки критики од навивачите на Манчестер Сити (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер Сити, Жоао Кансело во овој момент настапува како позајмен играч во редовите Барселона, а со неговиот последен потег на социјалните мрежи го навлече бесот на фановите на англискиот гигант.

Имено, Кансело во соработка со Јутјуб каналот „Shoot For Love“ oбјави видео во кое без да знае кој е следен рангира фудбалери на позиции од еден до десет.

Првиот кој се појави на листата беше неговиот екс-соиграч од Манчестер Сити, Јошко Гвардиола. Хрватскиот дефанзивец има одлична сезона во дресот на „граѓаните“, игра одлично во одбраната, додека во последниот период почна да биде и ефикасен.

Кансело се одлучи Гвардиол да го рангира како десетти на листата и поради тоа доби бројни навреди и критики од навивачите на англискиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани