Полска мака мачи со напаѓачите: Во овој момент има само еден здрав – Левандовски го пропушта отворањето!

by Стефан
1 минути читање

Најголемата ѕвезда на полската репрезентација, Роберт Левандовски ќе го пропушти отворањето на првенството.

Левандовски го скина мускулот во последниот подготвителен натпревар кој Полска го играше против Турција и поради тоа нема да биде на располагање на селекторот за натпреварот со Холандија.

Повредата за Левандовски доаѓа во момент кога Полјаците мака мачат со повредите во нападот. Аркадиуш Милик од претходно отпадна од списокот, а против Турција при прослава гол се повреди и Карол Свидерски. Единствен кој во овој момент нема проблем со повреда од голгетерите на Полска е Криштоф Пјонтек.

Познатиот новинар Фабрицио Романо наведува дека во Полска ќе направат се за Левандовски да биде спремен барем за вториот натпревар на Европското, меѓутоа засега не може ништо да се каже и се ќе зависи од рехабилитацијата.

На првенството Полска игра во групата Д со Холандија, Австрија и Франција. На 16. јуни се сретнуваат со Холандија, потоа на 21. со Австрија и на 25. јуни во последниот натпревар од групната фаза против Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани