Полни раце работа за полицијата: Пред финалето во ЛШ запленети 11 тона неоригинални дресови

by 24 фудбал
1 минути читање

Полицијата во Мадрид има полни раце работа, бидејќи се реши да направи чистка во „бизнисот“ со нелегална продажба на дресови.

Поради фактот дека Реал Мадрид ќе игра во финалето на Лигата на шампионите в сабота против Борусија Дортмунд, еуфоријата во престолнината на Шпанија е на високо ниво. Неоригинални дресови се купуваат за околу 25 евра, а тоа апсолутно не му одговара на клубот.

На ненајавена акција се реши шпанската полиција, која излезе на терен и успеа да заплени роба во вредност од шест милиони евра. Во 15 камиони полицијата пронајде 36.500 дресови, но има и други неоригинални производи. Извештаите на Шпанците велат дека е запленета рома во тежина од преку 11 тона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани