Познат комплетниот награден фонд на УЕФА за Европското првенство

by Стефан
1 минути читање

Европското првенство кое ќе се игра од 14-ти јуни до 14-ти јули ќе има ист награден фонд како и претходното на кое триумфиршае Италија. УЕФА ќе подели 331 милиони евра.

Секоја селекција која се пласираше ќе добие 9.25 милиони евра како награда за самото учество. Една победа во групната фаза вреди еден милион, додека за реми се доделува пола милион. ѓ

Местото во осминафиналето ќе се наградува со дополнителен 1.5 милион, за четвртфиналето следи награда од 2.5 милиони, додека за полуфиналето четири милиони евра.

Поразениот во финалето ќе добие пет милиони евра, а победникот три повеќе. Така се доаѓа до сума од 28.25 милиони евра која може максимално да ја заработи една репрезентација со три победи во групата и освојување на првенството.

Бранителот на трофејот Италија на Европското првенство ќе игра во група со Хрватска, Шпанија и Албанија.

Првиот натпревар на турнирот се игра во петок помеѓу домаќинот Германија и Шкотска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани