92
Хернан Креспо заработи отказ од Ал Аин по поразот во Лигата на шампионите на Азија од Ал Наср (5-1).
Бргу клубот ја пронајде неговата замена, а исто така се работи за респектабилно име. Освојувачот на континенталното азиско првенство ќе добие тренер кој во минатото водеше повеќе европски клубови, а тоа е Леонардо Жардим.
Стручњакот кој се истакна најмногу како тренер на Монако доаѓа како наследник на Креспо на клупата. Се очекува да добие краток договор до следното лето, па ако двете страни се задоволни ќе се продолжи соработката.
Жардим во својата кариера освен Монако ги водеше Спортинг, Олимпијакос и Брага.