Пикси добил четири богати понуди

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси според последните информации одбил четири понуди од Азија.

Кинеските медиуми објавија дека 59-годишниот Пикси добил понуда од Пекинг Гуан. Но, на адреса на Стојковиќ наводно пристигнале и понуди од уште три клуба. Сепак, според информациите српскиот селектор сите ги одбил.

Стојковиќ е добро познато име во Азија со оглед на тоа дека е вистинска легенда на јапонската Нагоја, а пет години беше тренер и во кинескиот Гвангжу РФ, по што ја презема Србија.

Со Фудбалскиот сојуз на Србија пред Европското првенство ова лето, Пикси потпиша договор кој има важност до завршувањето на Мундијалот во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани