Прволигашките клубови во Македонија на стартот на сезоната покажаа дека немаат премногу трпение кон тренерите, па така по пет одиграни кола дојде до петтата смена.
Александар Таневски повеќе не е предводник на новиот прволигаш Беса, потврди клубот преку социјалните мрежи. Минатата сезона со Таневски на чело тимот беше првак во ВМФЛ и избори историски пласман во елитата. Сепак, на стартот на првенството Беса има по една победа и реми, со три порази и е при дното на табелата.
Четирите бода во првите пет рунди не беа доволни и Таневски го плати цехот за резултатите.
Претходно во ПМФЛ од стартот на сезоната двапати тренери менуваше Вардар во имињата на Михаилов и Петрески, а по еднаш Шкупи (Османи) и Брера (Круљ).