301
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски имаше перфектен натпревар и крај на сезоната во дресот на Хајдук. Тимот од Сплит на гостувањето кај Локомотива во Загреб славеше со убедливи 2-5, а три од петте гола беа дело на Македонецот.
Трајковски во првиот дел се запиша меѓу стрелците во 18. и 38. минута од средбата. Потоа по четири гола во двете мрежи, македонскиот репрезентативец стави точка на победата на Хајдук.
Ова беше прв првенствен хет-трик за Александар Трајковски во кариерата, а трет во сите натпреварувања. Досега по трипати тој тресел мрежа во Копа Италија за Палермо и за Македонија во пријателски меч со Црногорците.